Франција блокира две поглавја во преговорите на Црна Гора за влез во ЕУ
Франција се спротивставила на затворањето на две преговарачки поглавја на Црна Гора со Европската Унија – Земјоделство и рурален развој и Рибарство, објави црногорската државна телевизија „ТВЦГ“.
Препорачано
Црна Гора, како што се очекува, следната недела ќе затвори три поглавја во преговорите со ЕУ: Право на основање претпријатија и слобода на обезбедување услуги, Слободно движење на капитал и Право на трговските друштва, потврдија за „ТВЦГ“ извори од Советот на ЕУ, по состанокот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ во Брисел.
Сиљановска Давкова за објавата на Фон дер Лајен: Кај мене не спомна ни топка ни двор
Најавено е дека меѓувладината конференција ќе се одржи на 16 декември во 8 часот, пред почетокот на седницата на Советот на министри за општи работи на Европската Унија.
Сепак, како што дознаваат дипломатски извори, постојаните претставници ќе се состанат повторно за време на викендот, во пресрет на Меѓувладината конференција, што би можело да биде уште една можност за разговори за евентуално затворање и дополнителни поглавја.
ВИДЕО | Дали Марта Кос откри кои четири земји се најблиску до приклучување кон ЕУ?


