Франција е првиот противник на Македонија на ЕП 2022

Македонија доби тешки ривали на ЕП 2022/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Како што е веќе познато со жрепка најдобрата македонска женска ракометна репрезентација ги дозна противниците на следното Европско првенство (4-20 ноември 2022 год.) на кое домаќин ќе биде и нашата земја.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски во Скопје ќе играат во рамките од групата „Ц“ против Франција, Холандија и Романија.

Наш прв противник ќе биде европскиот и светски вицешампион Франција, натпревар кој ќе се игра на 5 ноември.

Два дена подоцна ќе ги одмериме силите против Холанѓанките, а со Романија ќе се сретнеме на 9 ноември.

За Македонија ова ќе биде шести настап на континенталните собири, најдобриот пласман го имаше во 2008 година кога бевме ние домаќини на седмата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот