Ракометарките ги добија најтешките противници на ЕП 2022

Левче Китевски ги водеше ракометните репрезентации од јуни 2020/Фото: РФМ

Женската ракометна репрезентација на Македонија немаше среќа на денешната ждрепка што се одржа во Љубљана, доби пеколно тешка група. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски се наоѓаат во групата Ц заедно со Франција, ,Холандија и Романија.

Франција е актуелен олимписки шампион и светски шампион од 2017, додека Холандија е светски шампион од 2019 година, додека Романија беше најнепосакуваниот противник од четвртиот шешир.

Европското првенство ќе се игра од 4 до 20 ноември во Словенија, Црна Гора и Македонија, а ракометарките своите натпревари од групата Ц ќе ги играат во Скопје.

Во групата А се наоѓаат Хрватска, Норвешка, Унгарија и Швајцарија, во Групата Б се Словенија Данска, Шведска и Србија, додека Црна Гора е домаќин на групата Д и во Подгорица ќе играат уште и селекциите на Полска, Германија и Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот