Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Златниот часовник подарен на капетанот кој спаси 700 патници од „Титаник“ продаден за рекордна сума

Златниот џебен часовник којшто своевремено му бил даден на Артур Рострон, капетан на бродот „Карпати“ кој спаси повеќе од 700 преживеани по потонувањето на „Титаник“, е продаден за 2 милиони долари, што претставува рекорд за предмет поврзан со трагедијата.

18-каратниот часовник „Тифани“ на Рострон му го подарила вдовицата на Џон Џејкоб Астор, најбогатиот човек кој загина во катастрофата, и вдовиците на уште двајца богати бизнисмени кои потоноа со бродот, за спасување на преживеаните откако „Титаник“ удри во санта мраз и потона во Северното Море на своето прво патување во 1912 година.

 


Аукционерите Хенри Олдриџ и Сон, кои го продале часовникот на приватен колекционер во САД во саботата, рекле дека тоа е најскапиот продаден предмет на „Титаник“ досега.

Личниот џебен часовник на Астор, кој бил на неговото тело кога бил пронајден седум дена по потонувањето на бродот, претходно во април го постави претходниот рекорд за највисока цена платена за предмет од „Титаник“ од речиси 1,5 милиони долари.

Аукционерот Ендрју Олдриџ рекол дека фактот што предметите од „Титаник“ постигнале два рекорда оваа година ја покажува трајната фасцинација од приказната за неговото потонување.

Рострон бил поздравен како херој за неговите постапки ноќта кога „Титаник“ потонал и бил награден со златен медал на американскиот Конгрес од претседателот Вилијам Хауард Тафт, а подоцна бил прогласен за витез од кралот Џорџ В.

Бродот „Карпати“ пловел од Њујорк кон Средоземното Море кога радиооператорот слушнал повик за помош од „Титаник“ во раните утрински часови на 15 април 1912 година и го алармирал Рострон кој потоа го свртел бродот и со полна пареа се упатил кон „Титаник“, пробивајќи се помеѓу ледени брегови за да пристигне таму.

До пристигнувањето на „Карпати“, „Титаник“ потонал и повеќе од 1.500 луѓе загинаа. Но, екипажот пронашол 20 чамци за спасување полни со преживеани, спасиле повеќе од 700 патници и безбедно ги донеле во Њујорк.

Американски милијардер планира патување со подморница до потонатиот брод Титаник

Се продава часовникот на најбогатиот патник на Титаник: Може да достигне цена до 175.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот