Американски милијардер планира патување со подморница до потонатиот брод Титаник
Лери Конор, бизнисмен и авантурист од Охајо, и Патрик Лахи, соосновач на подморниците „Тритон“, велат дека сакаат да спуштат подморница на длабочина од околу 3.800 метри за да го видат потонатиот брод Титаник во северниот дел на Атлантскиот Океан, пишува „Би-би-си“.
Препорачано
Приватната индустрија за подводни пловила сè уште е потресена поради минатогодишната трагедија во која пет лица загинаа при експлозија на подморницата „Титан“, изградена од „Оушн гејт“. Тие имаа цел да стигнат до Титаник и да го истражат бродот.
Портпаролот на компанијата на Конор соопшти дека планираното патување ќе започне само кога надлежните поморски организации целосно ќе ја одобрат нивната подморница. Засега нема временска рамка за планираната експедиција.
Конор и Лахи ќе користат подморница наречена Triton 4000/2 Abyssal Explorer – бројката 4000 се однесува на длабочината во метри до која подморницата може безбедно да нурне.
Ohio billionaire Larry Connor plans to dive 12,400ft in this Triton Submarine 4000/2 Abyssal Explorer to visit Titanic shipwreck in the wake of OceanGate disaster
?triton submarines pic.twitter.com/tVWM2Ssa8F
— Game of X (@froggyups) May 30, 2024
Да потсетиме, подморницата „Титан“ беше направена од јаглеродни влакна и сертифицирана само до длабочина од 1.300 метри, што е многу помалку од длабочината на дното на океанот каде е укотвен потонатиот брод Титаник.
Во јуни 2023 година, подморницата експлодираше на пат кон Титаник. Извршниот директор на „Оушн гејт“, Стоктон Раш (61) загина во подморницата заедно со уште четворица патници: британско-пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд (48) и неговиот син Сулејман (19), британскиот бизнисмен Хамиш Хардинг (58) и Пол-Хенри Наргеоле (77), поранешен нуркач на француската морнарица.
Раш беше познат по тоа што беше невнимателен за безбедноста и ги игнорираше предупредувањата од советниците за потенцијални проблеми со Титан. Истрагите на американските и канадските власти се во тек.
„Сакам да им покажам на луѓето ширум светот дека иако океанот е исклучително моќен, може да биде убав и пријатен и навистина да го промени животот ако се справите со него на вистинскиот начин“, изјави Конор за „Вол стрит журнал“.
Конор и неговиот соработник се надеваат дека нивното успешно патување повторно ќе ги разгори интересите на претприемачите.
„’Оушн гејт’ ја прекина работата, а и други компании известија дека им се откажани бројни нарачки и дека интересот е намален по експлозијата на ‘Титан’. Оваа трагедија имаше застрашувачки ефект врз интересот на луѓето за овие подморници“, рече Лахи.


