ФОТО+ВИДЕО: Златан Ибрахимовиќ ја заврши кариерата

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Златан Ибрахимовиќ (41), славниот шведски напаѓач и еден од најдобрите на 21 век, кариерата ја заврши во дресот на италијански Милан.

Ибра имаше многу проблеми со повредите во последните неколку години, но на теренот се враќаше и во дресот на Манчестер Јунајтед и во Милан, а откако пред неколку дена беше објавено дека нема да остане на „Сан Сиро“, имаше најави дека славниот Ибра би можел да се пензионира, иако постоеше можност да се врати во Шведска и таму да одигра уште една сезона.

Но, откако Ибрахимовиќ подлегна на напливот од емоции и се расплака пред мечот меѓу Милан и Верона (кој го добија „росонерите“ со 3:1) беше јасно дека само прашање на време беше кога ќе стигне официјалната објава за крај на една најубавите фудбалски приказни.

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во својата кариера одигра 819 натпревари, постигна 493 гола со 201 асистенција за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес Галакси.

Во кариерата освои 12 шампионски титули (две со Ајакс, три со Интер, една со Барселона, две со Милан и четири со Манчестер јунајтед), во 2013 година го постигна најубавиот гол на сезоната, за кој ја доби наградата „Пушкаш“, додека со Барса го освои Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА, а во 2017 година и Лигата на Европа со Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот