ФОТО+ВИДЕО | Започна контроверзната серија за Памела Андерсон и Томи Ли: Неверојатна трансформација на актерите!

памела андерсон
Лили Џејмс и Себастијан Стен како Памела Андерсон и Томи Ли / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Првите три епизоди од долгонајавуваната серија за експлозивната врска помеѓу Памела Андерсон и Томи Ли насловена „Pam and Tommy“, премиерно беа прикажани вчера на стриминг платформите „Hulu“ и „Disney+“.

Серија за бракот на Памела Андерсон и Томи Ли: Актерката нема намера да ја гледа

Документарната серија ги опфаќа сите аспекти на нивната турбулентна врска, од првата средба до бурниот брак и разводот, а содржи и серија скандалозни секс сцени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pam & Tommy (@pamandtommyonhulu)

Славната двојка, која се најде во центарот на медиумското внимание во 1990-тите откако протече нивната секс снимка во јавноста, ја отелотворија Лили Џејмс и Себастијан Стен.

Уште откако се појавија првите инсерти од серијата, бевме сведоци на извонредната трансформација на главната актерка во ѕвездата од „Baywatch“. Меѓу другото, таа има многу реалистични протетски гради рефлектирајќи го познатото деколте на Памела.

Во првата епизода фокусот е на разбојник кој, откако упаднал во домот на Андерсон и Ли, ја открил нивната домашна снимка, а втората епизода носи многу контроверзни сцени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pam & Tommy (@pamandtommyonhulu)

Веќе на почетокот главната актерка го украде вниманието на јавноста, капејќи се топлес додека нејзиниот сопруг ја снима. Исто така, во една друга сцена, ликот на Томи Ли зборува со својот пенис за време на халуцинација предизвикана од дрога…

Лили Џејмс како вистинска двојничка на Памела Андерсон во познатиот црвен костим за капење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот