ФОТО+ВИДЕО | Возачите со предупредување: Ако не ни се исплатат парите, наместо со 30, Скопје ќе биде блокирано со 220 автобуси

Протест на приватниот автобуски превозници/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Приватните автобуски превозници, денеска на крстосницата пред Т.Ц. Мавровка паркираа 30 автобуси во знак на револт од неисплаќањето на долгот кој кон нив го има ЈСП „Скопје“.

Протест на приватниот автобуски превозници/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Превозниците на протестот најавија дека освен со блокади на сообраќајниците, правдата ќе ја бараат и институционално за што веќе имаат ангажирано адвокатска канцаларија.

Приватните превозници од „Макекспрес“ и од „Слобода превоз“ на протестот истакнаа и дека, во моментов на улиците има поставено 30 автобуси, но како што рекоа доколку проблемот со исплатата не се реши во следните неколку дена, тие комплетно ќе го блокираат Скопје со сите 220 автобуси со кои располагаат.

– Овој протест е поради долгот што ни го направи ЈСП со неплаќање на средствата кои што за неколку дена ќе достигнат 2 милиона евра. Овој протест е директна последица. Немањето слух да не прими градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и поради долгот на ЈСП кон нас, доведени сме во ситуација да немаме средства да однесеме храна на семејствата. Во оваа прилика им се извинувам на граѓаните на Скопје поради гужвата и хаосот кој настана. Ги молам за разбирање бидејќи ние преку 30 години сме на овие улици и за тие 30 години имало мал милион настани, штрајкови, блокади, протести, маратони и ние сме го трпеле сето тоа – изјави Ќемал Муриќ за „Утрински печат“.

Муриќ истакна и дека тие бараат да им се исплатат заостанатите средства за како што рече потоа веднаш да се вратат на работа и да продолжат да ги превезуваат скопјани.

Протест на приватниот автобуски превозници/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Приватните превозници меѓу другото истакнаа и дека денеска ќе присуствуваат на седницата на Град Скопје на која како што рекоа ќе имаат двајца претставници од приватните превозници. Тие на седницата на Советот очекуваат советниците да поставуваат бројни прашања до градоначалничката околу настанатата состојба со јавниот градски превоз.

Протест на приватниот автобуски превозници/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

– Ние уредно најавивме до МВР и поставивме пред Мавровка 30 автобуси од вкупно 220 со кои располагаме. Доколку не се изнајде решение во брзо време, ние сме во состојба со нашиот капацитет тотално да го парализираме целиот град – истакна Муриќ.

Протест на приватниот автобуски превозници/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Превозниците веруваат дека со помош на институциите, како што велат, ќе излезе правдата на виделина бидејќи како што рекоа неправедно се обвинети за неплаќање данок како и за собирање на нелегални средства. Исто така превозниците ја обвинија и градоначалничката Арсовска дека со оваа како што ја нарекоа „гнасна лага“ се обидува да го одвлече вниманието на јавноста од реалниот проблем, кој како што рече настанал од страна на институциите кои се под нејзина надлежност.

Протест на приватниот автобуски превозници/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот