ФОТО+ВИДЕО | Tатјана Лазаревска на прослава: Луда забава, роденденски честитки и уживање до максимум

Татјана Лазаревска/PrintscreenFacebook
Татјана Лазаревска/PrintscreenFacebook

Нашата фолк пејачка која веќе подолго време со семејството живее во Мелбурн Австралија, Татјана Лазаревска, вчера сподели видеа и фотографии од прослава на роденден на кој лудо се забавува.

ФОТО | Австралија им годи: Фолк пејачката Татјана Лазаревска со фотки од пораснатите синови

Пејачката на своите фејсбук и инстаграм-профили редовно споделува фотографии од своите настапи, патувања, семејни кадри, па и овој пат ги изненади своите следбеници со објави од неколку свои настапи.

Имено, таа неодамна го сподели видеото како ја исполнува песната „Две музики“ каде доби безброј убави коментари за пеењето, со честитки за 50тиот роденден на славеникот.

Потоа, објави неколку различни летни фотографии во прекрасни лелеави фустани, со хаштагот #birthdayparty и неколку видеа на фејсбук профилот каде му го честита 90тиот роденден на дедото Ванчо, каде танцува во портокалов комплет заедно со семејството на славеникот.

„Еве сме овде на прославата во еден преубав пентхаус, на 14ти кат… Само да погледнам надолу, ќе се онесвестам!“, вели во видеото.

Забавата за Татјана е очигледно загарантирана, каде и да се појави!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот