Фото: Принтскрин / Икс

ФОТО+ВИДЕО | По 13 години потрага: Истражувач успеа да го пронајде најреткиот цвет во светот

Во срцето на индонезискиот остров Суматра, биологот Крис Торогуд од Универзитетот во Оксфорд и неговиот соработник Сепцијан Андрики, доживеале момент што ќе го паметат до крајот на животот.

Со денови и ноќи ја пребарувале џунглата, полна со тигри, во потрага по исклучително ретко растение, и на крајот успеале, па сè снимиле на камера, пренесува „Дејли мејл“.

Фото: Принтскрин / Икс

Станува збор за растение кое ги произведува најголемите цветови во светот (до еден метар во дијаметар), додека развојот на пупката трае дури девет месеци.

Откривањето на овој неверојатен цвет, наречен „рафлесија хаселтии“ (rafflesia hasseltii), го расплака локалниот конзерватор и водич Сепцијан Андрики, а целиот момент го сними д-р Торогуд.

Фото: Принтскрин / Икс

– Во ред е, успеавме! Го најдовме – го утеши д-р Торогуд својот соработник.

Инаку, ова растение произведува непријатен мирис што привлекува муви и бубачки – а тие носат полен, што осигурува дека растението ќе се размножува во густите тропски шуми.

Постојат неколку варијанти, а „рафлесија хаселити“ се издвојува по својата необичност. Познат под локалното име „Кендаван мука римау“ (Cendawan Muca Rimau), што значи „тигрова глава“, расте само во оддалечен дел од џунглата на Западна Суматра, каде што влезот е можен со посебна дозвола.


Д-р Торогуд предводеше истражувачка експедиција со цел да пронајде и да го проучи необичното растение, на кое му се заканува исчезнување. Според проценките, 60 проценти од сите видови „рафлесија“ се соочуваат со сериозен ризик од исчезнување, додека 67 проценти од познатите живеалишта не се во заштитени подрачја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот