ФОТО+ВИДЕО | Неверојатен гламур: Јована и Жељко Јоксимовиќ изгледаат како милион долари во Италија
Српската брачна двојка, музичарот Жељко Јоксимовиќ и водителката Јована ги воодушевија сите со своите гламурозни изданија.
Препорачано
Имено, Јована на Инстаграм објави фотографии од Италија, а откри и дека присуствувале на еден гала настан.
Јована и Жељко за оваа пригода избрале гламурозни стајлинзи и воодушевија многумина, што може да се види од коментарите под објавата.

И додека Жељко се одлучил за класичен црн костум со бела кошула, Јована избрала елегантен долг црн фустан со тул кој ја истакнал нејзината вита фигура. Гламурозниот изглед го надополнила со чипкасти црни ракавици, црвен кармин и фрузира во бранови собрана од едната страна.

Многумина коментираа дека двојката Јоксимовиќ како штотуку да излегла од палата и дека се достојни за Холивуд.
„Фантазија“, „Каква убавина“, „Зрачи на стар Холивуд“, „Како да сте излегле од филмско платно“, „Не може да биде погламурозно“, „Достојни за Холивуд“, се само дел од коментари.
Љубоморна сум! Тој е мој и Божји: Јована Јоксимовиќ за бракот со Жељко


