ФОТО+ВИДЕО | Мурињо шоу по поразот на Рома: Го подари медалот, па го чекаше судијата на паркинг

Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Жозе Мурињо беше бесен по поразот на Рома од Севиља на пенали во Лигата на Европа, не беше задоволен португалскиот стратег од судењето на Ентони Тејлор со кого се сретна и на паркингот по натпреварот.

Мурињо смета дека Тејлор премногу лесно делеше жолти картони за неговите фудбалери, а посебно се истакнува ситуација во која Рома не доби пенал по играње со рака на фудбалер на Севиља во шеснаесетникот.

По завршувањето на натпреварот Мурињо го чекаше судијата Тејлор на паркингот порачувајќи му дека имал срамно судење.

Беше во центарот Португалецот и кога на теренот по доделувањето на медалите својот медал го подари на навивач во публиката, на прес-конференцијата доби и прашање за овој момент.

„Не сакам сребро, го чувам златото“, во свој стил одговори Жозе.

За Севиља ова беше седми трофеј во исто толку финалиња во Лига Европа, додека Мурињо го загуби своето прво европско финале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот