ФОТО+ВИДЕО: Севиља по седми пат ја освои титулата во Лига Европа

фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Во финалето на Лига Европа одиграно на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, Унгарија, екипата на Севиља по пенал серијата (4:1) ја совлада Рома за седма титула во натпреварувањето. По регуларните 90 минути резултатот беше 1:1.

По првото полувреме, водеше римската „волчица“ со погодокот на Пауло Дибала во 35 минута од средбата.

Асистентот на водечкиот погодок за италијанскиот клуб, Манчини, постигна автогол во 55 минута за израмнување на резултат и радост кај Шпанците.

Во 75 минута беше досуден пенал за Севиља поради наводен прекршок во казнетиот простор, но по прегледувањето на ВАР-снимката, англискиот арбитар А. Тејлор ја промени одлуката.

Една сомнителна ситуација имаше на спротивната страна во 81 минута, кога играчите на Рома протестираа поради наводно играње со рака во шеснаесетникот, но Тејлор не покажа на белата точка.

Немаше голови во дополнителните 30 минути, па победникот се одлучуваше по пенал-серијата.

Во првата серија Окампос беше прецизен за Севиља, како и Кристанте на спротивната страна (1:1). Ламела ја врати предност за шпанскиот клуб, а Манчини, кој повторно беше трагичар, не го реализираше ударот од белата точка. За 3:1 се погрижи Ракитиќ, а за Рома непрецизен беше Рожер Ибањез.

Конечните 4:1 во пенал-серијата ги постави Монтиел за победа на Севиља и седма рекордна титула на клубот, што го прави најтрофеен во Лига Европа.

фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI
фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI
фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI
фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI
фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs
фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот