Хрватското село Слуњ/ Фото: Picryl

ФОТО+ВИДЕО | Го одзема здивот: Село од регионот прогласено за едно од најубавите на светот

Светската туристичка организација (UNWTO) ја објави својата листа на најдобри туристички села за 2023 година.

Оваа награда им оддава признание на селата кои се водечки во негувањето на руралните подрачја и зачувување на средината, културната различност, локалните вредности и гастрономската традиција. Меѓу најдобрите се нашло и едно село од регионот, поточно од Хрватска.

Хрватското село Слуњ/Фото: Flickr

Светската туристичка организација го прогласила Слуњ од Хрватска за едно од најдобрите туристички села во светот. Во сериозната конкуренција, меѓу речиси 260 пријави од повеќе од 60 земји, бајковитото село е избрано за едно од најубавите, што е неверојатен успех.

Слуњ се нашло на листата од 54 села кое ги избрало стручното жири, што говори за посветеноста на локалните власти за одржливо и општествено одговорно делување на сите аспекти.

Хрватското село Слуњ/Фото: Wikimedia Commons

Подрачјето Растоке во Слуњ е познато по прекрасните водопади и средбата на реките Слуњчица и Корана, создавајќи прекрасен природен амбиент.

Интересно е да се наведе дека уште во 2018 година Слуњ било прогласено за второ најгостопримливо место според оцените на платформата „booking.com“. Тоа признание, како и оваа награда исклучително се важни затоа што даваат глобална видливост и можност за понатамошен развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот