ФОТО+ВИДЕО: Германија ја испрати Меркел во пензија
По 16 години како германска канцеларка, Ангела Меркел се повлекува во политичка пензија. До изборот на нејзиниот наследник (8-ми декември) Меркел се уште е „техничка канцеларка“, но денеска (2 декември) Германија се збогува со шефот на владата, со воени почести.
Вечерва во Берлин се одржа „Големата вечера“ (Großer Zapfenstreich), што е најголемата воена церемонија во Сојузна Република Германија – со факели, војници во свечени униформи, офицери и кореографија испланирани до последен детаљ.
„Големата вечера“ е посебна затоа што воениот оркестар на Бундесверот свири песни за време на таа церемонија, кои ги избираат оние од кои се збогуваат. Музичките желби на Ангела Меркел се познати веќе подолго време, а веќе извесно време предизвикуваат одредени реакции кај германските граѓани.
Покрај вселенската црковна песна „Те славиме, Боже, те славиме“ (Großer Gott, wir loben dich), канцеларката во заминување посака да ја слушне песната на Хилдегард Кнеф „Нека ми паднат дождовите од црвени рози“ (Für mich soll’s rote Rosen regnen).
Ангела Меркел заминува во пензија на 67 години, но судејќи по тие стихови, а сигурно има некои нови желби и соништа кои сака да ги исполни.