Меган Маркл/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

ФОТО+ВИДЕО | Фармерките на Меган Маркл се хит на 2026 година, ги издолжуваат нозете, а можете да ги купите многу поевтино

Принцот Хари и Меган Маркл деновиве уживаат во романтичната атмосфера што ја носат февруари и Денот на вљубените. И додека војвотката од Сасекс сподели трогателна фотографија од својот сопруг како ја држи во прегратка нивната ќерка Лилибет на Денот на вљубените, ден потоа двојката уживаше во кошаркарски натпревар во НБА лигата.

Вљубениот пар седеше во првиот ред до актерката и музичарка Квин Латифа, уживајќи во НБА Ол-стар натпреварот во Инглвуд. Во нивниот препознатлив опуштен стил, Меган и Хари го гледаа натпреварот внимателно, модно усогласени. Одлучувајќи за темни тонови, Хари носеше избледен сив качкет, црна кошула и фармерки, како и зелени патики, додека Меган се одлучи за црно-сина комбинација.

Во монохроматскиот стил, Меган искомбинирала темно син џемпер од чист кашмир од американскиот бренд „Brochu Walker“ со фармерки со речиси идентична боја. И додека на нозете носеше црни чизми изработени од брусена кожа со елегантна потпетица, вниманието го привлекоа нејзините фармерки.

Фармерките што ги носеше Меган Маркл на НБА-натпреварот/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Војвотката често може да се види во фармерки, а се чини дека има и свој омилен модел. Станува збор за таканаречените фармерки „bootcut“ со препознатлив крој – тесни во колковите и бутовите, благо се шират од колената надолу. Само пред неколку недели, таа носеше сличен модел на филмскиот фестивал Санденс, а овој пат избра темносин модел од американскиот луксузен бренд „Veronica Beard“.

Модниот стил на Меган Маркл на НБА-натпреварот/Фото: Принтскрин/Инстаграм

И додека нејзините фармерки чинат околу 209 евра (248 долари), постојат неколку слични модели во понудата на „хајстрит“ продавниците, кои чинат околу 2.000-2.500 денари. Фармерките се меѓу најпопуларните модели оваа сезона, а девојките и жените ги обожаваат затоа што даваат допир на женственост и на најобичната комбинација. Доказ за ова е изборот на Меган за чевли со високи потпетици, кои одлично се вклопиле со оваа спортска, но елегантна комбинација.

Меган Маркл и принцот Хари го следеа Ол-стар натпреварот во друштво на Квин Латифа

Моќно модно издание на Меган Маркл, кое ја отелотворува филозофијата на „тивок луксуз“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот