ФОТО+ВИДЕО | Естетски хирург помдлади жена за 30 години, луѓето шокирани од резултатот на зафатот!
Фотографиите „пред и потоа“ на 70-годишна жена која се подложила на фејслифтинг (затегнување на лицето) станаа вирални и оставија милиони луѓе во чудење. Пластичниот хирург д-р Карл Трусдејл од Беверли Хилс минатиот месец објави видео од своја пациентка на Тикток, а гледачите не можеа да поверуваат колку поинаку изгледа по зафатот, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано

Видеото започнува со снимка од неименувана жена непосредно пред операцијата. Воздржувајќи се да заплаче, таа вели на камерата: „Толку сум среќна, толку благодарна и толку возбудена“.
Во следниот кадар, 70-годишната жена е прикажана еден месец по процедурата, а за резултатите зборува воодушевено.
– Неверојатно е, навистина неверојатно. Рече дека ќе избрише 30 години од моето лице и, навистина, го одржа својот збор. Кога луѓето ќе ме прашуваат колку години имам, ќе им велам дека имам 40 – вели воодушевената пациентка.

Видеото од таа импресивна трансформација стана вирално и собра повеќе од 12 милиони прегледи. Многу гледачи се воодушевени од подмладениот изглед на жената и отворено го изразуваат своето восхитување од неа во коментарите.
- – Ова е најприродното фејслифтинг што некогаш сум го видел – напишал еден корисник. „Изгледа толку природно, неверојатно“, се согласил друг.
Многумина го прогласиле хирургот за чудотворец.
– Д-р Труздејл… вие сте чудотворец испратен од Бога! – гласел еден коментар. „Никогаш не би рекол дека всушност има 70 години“, додал друг. Еден корисник забележал: „Кога би ја обоила косата потемно, без проблем може да помине како жена во средни четириесетти години“.
– Ова е пластична хирургија каква што јас поддржувам. Таа изгледа одлично и среќно, а воопшто не е вештачко ниту претерано. Браво! – напишал уште друг гледач. „Навистина ѝ одзеде повеќе од 30 години. Прекрасно и толку природно“, гласел друг коментар.
Д-р Труздејл често ги објавува резултатите од својата работа на Тикток, каде што го следат повеќе од 158.000 луѓе. Според информациите од неговата веб-страница, тој е специјализиран за хируршки и нехируршки зафати со кои лицето, ушите, очите, носот, вилицата и линијата на косата се подмладуваат, обликуваат и се враќаат на поприродниот изглед.
Ова не е првпат неговата работа да привлече големо внимание. Претходно стана вирален откако на својата мајка, Линда, која во тоа време имала 68 години, целосна естетска трансформација и го документира целиот процес на социјалните мрежи.
Во текот на речиси една година, почнувајќи од септември 2023 година, Линда била подложена на повеќе од пет зафати. Д-р Труздејл ги кренал речиси сите делови од нејзиното лице и врат, па вбризгнал масти за да го врати волуменот изгубен со стареењето.
Во првата фаза од операцијата, тој отстранил вишок кожа од горните и долните очни капаци и под носот за да постигне поиздигнат изглед. Во следниот зафат, направил подигнување на веѓите, целосен фејслифтинг и затегнување на кожата на вратот. Тој, исто така, префрлил масти од еден дел од нејзиното тело во пределот под очите и образите за да постигне помлад изглед.
Воодушевена од својот нов изглед, Линда рекла: „Морам да се погрижам ова да го одржувам и да задржам позитивен став“.
– Сите старееме, но јас се чувствувам одлично на 68 години. Се чувствував млада однатре, а сега можам да го видам тоа и однадвор – додала таа.
– Повеќето деца на своите мајки им додаваат брчки. Јас успеав да отстранам некои, што е навистина посебно. Таа веќе беше самоуверена и имаше прекрасна личност, но сега можам да видам дека нејзината младост и полетност се вратија. Изгледа навистина одлично – коментирал нејзиниот син.
Откако ја објавил трансформацијата на својата мајка, д-р Труздејл признал дека се соочил со критики поради тоа што оперирал член на сопственото семејство. Сепак, ја бранел својата одлука.
– Многумина рекоа дека на мојата мајка не ѝ била потребна операција и јас целосно се согласувам со тоа. Мојата филозофија за пластичната хирургија, освен кога станува збор за реконструктивни зафати, е луѓето да се чувствуваат одлично во својата кожа – рекол д-р Труздејл.
– Имав можност да го направам ова за мајка ми. Иако не беше неопходно таа да изгледа помладо, тоа ѝ го подобри животот и неговиот квалитет. Имаме ограничено време на овој свет, па затоа е подобро да бидеме посреќни колку што е можно – објаснил тој.
– Јас лично познавам десетина хирурзи кои оперирале членови на своите семејства, своите мајки и своите сопруги, но знам само неколку од нив кои го направиле тоа јавно – заклучил д-р Труздејл.


