ФОТО+ВИДЕО | „Црвено-црното“ срце повторно чука најсилно, шампионска прослава на „Школка“ во Градски парк
Фудбалерите на Вардар ја прославија шампионската титула во Првата македонска лига, вкупно 12-та во клупската историја со победата во Скопје над Шкендија со 3:0.
Препорачано
Скопските „црвено-црни“ се враќаат на тронот по пауза од шест години, славеа заедно со верните „Комити“ на Националната арена „Тодор Проески“.
Играчите на тренерот Гоце Седлоски по завршувањето на мечот го кренаа шампионскиот пехар, а навивачите на клубот направија одлична атмосфера и спектакл на трибините.
Како што и беше најавено, фудбалерите имаа официјална шампионска прослава заедно со фановите на „Школка“ во Градскиот парк.
На настанот присуствува сите фудбалери на Вардар, кои со своите игри во првенството се надминаа себеси и ја вратија титулата во Скопје.
Како што се најавуваше, настанот вклучува настап на реномиран рок бенд, комерцијални шанкови во организација на Здружение 35 години Вардарци, како и VIP и V-VIP зона во организација на ФК Вардар АД.



ФОТОГАЛЕРИЈА | Вардар со победа над Шкендија ја круниса шампионската титула


