Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ГАЛЕРИЈА | Вардар со победа над Шкендија ја круниса шампионската титула

Денеска во својот последен натпревар оваа сезона во Првата македонска лига, фудбалерите на Вардар и нови шампиони на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со 3:0 славеа против Шкендија.

После завршувањето на првото полувреме на нашиот најголем стадион скопските „црвено-црни“ водеа со резултат 2:0.

Во 20 минута Вардар дојде во водство по автоголот кој беше дело на Нуман Ајетовиќ.

Предноста се зголеми во 36 минута од средбата кога стрелаше Закариќ за негов 11 погодок во шампионатот.

Конечниот епилог го постави македонскиот репрезентативец Бобан Николов во 80 минута од натпреварот.

Шкендија можеше да постигне почесен погодок од пенал преку Љатифи, но играчот на тетовскиот клуб не излезе како победник во дуелот со Талески.

За Гоце Седлоски ова беше последен меч на клупата како стратег на фудбалскиот клуб Вардар.

На конечната табела Вардар го освои првото место со 83 бодови, додека Шкендија заврши како второпласирана со 74 бодови.

Ова е 12 титула во колекцијата на Вардар со што ќе се зацврсти на првото место на вечната листа на најтрофејни екипи во Македонија.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот