ФОТО+ВИДЕО | „Ќе пуштам нокти како твоите“: Трамп ја држеше Ники Минаж за рака и ѝ даде картичка за која сонуваат многу имигранти
Ники Минаж, една од највлијателните хип-хоп уметници, се појавила на настан на Министерството за финансии на САД заедно со американскиот претседател Доналд Трамп и се прогласила за негов „обожавателка број еден“ додека се држеле за раце, пишува „Варajети“.
Препорачано
Раперката дошла да го поддржи лансирањето на програмата „Трамп сметки“, државна инвестициска иницијатива. Минаж дури ветила дека ќе донира помеѓу 150.000 и 300.000 долари за програмата.
Во својот говор на настанот, Минаж која потекнува од Тринидад и Тобаго им рекла на присутните: „Веројатно сум обожавателка број еден на претседателот и тоа нема да се промени. Омразата, односно она што луѓето имаат да го кажат, воопшто не ме погодува“.
Осврнувајќи се на критиките за нејзиниот политички став, таа истакнала дека таквата омраза само дополнително ја мотивира да го поддржува уште посилно и ги повикала другите да се спротивстават на „злоупотребувањето“ на претседателот.
„Всушност, тоа ме мотивира да го поддржувам уште повеќе. И ќе нè мотивира сите нас да го поддржуваме уште повеќе. Нема да им дозволиме да се извлечат со тоа што го злоупотребуваат. Кампањите за оцрнување нема да им успеат. Тој има голема поддршка и Бог го штити“, додала пејачката.

Трамп, исто така, ја пофалил Минаж, па се пошегувал дека можеби и тој ќе ги расте ноктите за да одговараат на нејзините препознатливи долги вештачки нокти.
„Реков дека ќе ги пуштам ноктите, бидејќи ги обожавам тие нокти. Ќе ги пуштам да пораснат ноктите“, рекол Трамп, објави „НДВТ“.
По настанот, Минаж се огласила на социјалните мрежи за да сподели фотографија од себе, на која ја покажува својата Трамп златна картичка (Trump Gold Card), инвеститорска виза што нуди забрзана постапка за добивање постојан престој или американско државјанство за големи финансиски придонеси.
Нејзината отворена поддршка за Доналд Трамп предизвика поделби меѓу нејзините обожаватели. Во декември, таа ги изненади учесниците на конференцијата АмерикаФест, каде што го пофали Трамп и неговата администрација во интервју со Ерика Кирк. Таа дури го нарече Трамп „згоден и харизматичен“, а поддржувачите на движењето МАГА ги опиша како „кул деца“.
Инаку, Минаж е родена во Тринидад и Тобаго, а како дете се преселила во САД. Во 2018 година, таа напишала на Инстаграм дека дошла во Америка како „нелегалена имигрантка на петгодишна возраст“, додека во 2024 година, во текот на преносот во живо на Тикток, изјави дека не е американска државјанка.
Ники Минаж на удар поради ширење дезинформации во Обединетите нации и поддршка за Трамп


