ФОТО+ВИДЕО | Бритни Спирс нецензурирано дивее на плажа: Инстаграм не ги банираше фотографиите

Бритни Спирс/Принтскрин/Инстаграм
Бритни Спирс/Принтскрин/Инстаграм

Целосната слобода за поп пејачката Бритни Спирс изгледа ја одведе и чекор подалеку.

Откако се ослободи од контроверзното старателство на татко и Џејми, изгледа следно беше ослободување и од костимот за капење. Иако не е нешто ново за ѕвездите да дефилираат голи или „затскриени“ со по некое оскудно парче гардероба, овојпат Бритни отиде целосно кон нудизам.

Пејачката на контроверзните фотографии носи само ѓердан со привезок, а интимните делови стратешки ги покрила со емотикон во облик на дијамант.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Излежувањето и брцкањето во плиткото, со опис во објавата со неколку емотикони со рози, обожавателите го сфатија како најава за проектот „Рози“ што Бритни го најавуваше последниве неколку години.

Сепак, многумина од обожавателите иако јавно ја поддржуваат и оставаат коментари полни со воодушевеување дека „конечно слободата изгледа вака“, некои не останаа должни и со коментарите дека „претерува“ и дека го прави ова затоа што не знае како да привлече внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Најмногу зачудени останаа душегрижниците кои реагираа дека „Инстаграм го дозволува ова?“ и дека вакви фотографии доколку не беа од јавна личност, ќе беа избришани во најбрз можен рок.

ФОТО: Сестрата на Бритни Спирс и нејзините деца добиваат смртни закани по сведочењето

Бритни Спирс, конечно слободна: По долги 13 години судот го укина старателството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот