ФОТО: Сестрата на Бритни Спирс и нејзините деца добиваат смртни закани по сведочењето

бритни и џејми ли спирс

Џејми Лин Спирс, сестра на пејачката Бритни Спирс, на нејзиниот инстаграм – профил објави молба во која ги прашува сите оние кои ѝ упатуваат смртни закани да престанат.

„Здраво, го почитувам правото на секој да се изразува. Но, дали можеме да престанеме со смртните закани, особено против децата?” напишала таа во објавата.

џејми лин спирс бритни спирс
ФОТО: Instagram

Џејми Лин почнала да ги добива пораките откако Бритни изјавила дека сака да го тужи целото семејство и пред судот изјавила дека сака нејзиниот татко Џејми Спирс да престане да биде нејзин старател. Многумина ја обвиниле сестрата на пејачката дека профитира од богатството на Бритни, пренесува „The Mirror“.

Таа на социјалните мрежи истакна дека на својата сестра ѝ посакува само среќа и дека отсекогаш ја поддржувала и дека тоа ќе го прави и во иднина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lynn Spears (@jamielynnspears)

„Никогаш не зборував за ова, бидејќи мислев дека сестра ми мора сама да го стори тоа. Не ми е гајле дали Бритни сака да избега во шума и да има милијарда деца, а потоа да се врати и да доминира во светот. Јас немам корист од тоа. Оваа ситуација не влијае на мене во никој случај затоа што само сакам сестра ми да биде среќна“, тврди Џејми.

„Можеби не ја давав поддршката што ја сакаше јавноста, со хаштаг на социјалните мрежи, но ве уверувам дека ја поддржував сестра ми многу пред хаштагот и ќе ја поддржувам и понатаму, откако ќе се оддалечи“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Да потсетиме, судот го одби барањето на Бритни Спирс да го отстрани Џејми Спирс од улогата на старател. Деталите за пресудата сè уште не се споделени со јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот