„Се слушна и нејзината страна“ | Бритни Спирс прозборе на суд за старателство: Не сум тука за да бидам нечиј роб

Profimedia
Фото: Профимедиа

Поранешната поп-ѕвезда Бритни Спирс во средата пред судот прозборе за случајот поврзан со нејзиното старателство и изјави дека сака да си го врати својот живот и да заврши 13-годишното старателство што нејзиниот татко го има над неа…

Забелешките на поп-ѕвездата, направени преку видео на судското рочиште во Лос Анџелес, се нејзино прво обраќање во јавноста за одлуката воведена од судот во 2008 година кога доживеа нервен слом.

39-годишната Бритни Спирс во емотивната изјава рече дека старателството е вистинска злоупотреба.

epa-efe
Фото: EPA/JASON SZENES

Само сакам да си го вратам животот“, рече таа, додавајќи: „Не сум тука за да бидам нечиј роб. Јас сум трауматизирана. Не сум среќна. Не можам да спијам. Толку сум лута и плачам секој ден“.

Искрено верувам дека ова старателство е злоупотреба“, рече таа, барајќи да се прекине старателството.

Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Бренда Пени изјави дека ќе ѝ треба формално барање поднесено до судот со кое бара раскинување на старателството пред да може да преземе нешто.

Бренда Пени ја пофали Спирс за говорот. „Знам дека ви требаше многу храброст“, рече Пени, додавајќи: „Сакам повторно да ве пофалам што навистина направивте чекор за да ги слушнеме вашите мисли, не само јас, туку и сите вклучени во овој случај“.

Profimedia
Бритни и нејзиниот татко / Фото: Profimedia

Спирс последен пат разговарала директно за овој случај во мај 2019 година, но тогаш судот беше затворен за јавноста. Во средата, пејачката рече дека сака луѓето да слушнат што има да каже.

Бритни рече дека сака повторно да се омажи и да има уште деца. Но, таа додаде дека има вградена контрацепција и дека не смее да оди на лекар затоа што како што вели „не сакаат да имам деца“.

Пејачката има две деца со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн. Федерлајн има старателство над децата.

Судот конечно ѝ дозволи: Бритни Спирс сега може да зборува во свое име

ВИДЕО | Бритни Спирс: Овие документарци за мојот живот се толку лицемерни… ги критикуваат медиумите и потоа го прават истото?

ВИДЕО | Бритни Спирс одговори на најчесто поставуваното прашањето: Дали поп – ѕвездата конечно се враќа на музичката сцена?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот