ВИДЕО | Бритни Спирс: Овие документарци за мојот живот се толку лицемерни… ги критикуваат медиумите и потоа го прават истото?

epa-efe

Бритни Спирс неодамна остро ги критикуваше документарците за најтешкиот период од нејзиниот живот, нарекувајќи ги лицемерни. Но, поголемиот дел од фановите не веруваат дека таа го напишала текстот и се убедени дека Бритни нема контрола ни над нејзиниот Инстаграм.

Имено, ѕвездата постојано го привлекува вниманието на јавноста, особено откако неодамна излезе документарниот филм за нејзиниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

 

Во документарниот филм во продукција на Њујорк Тајмс „Framing Britney Spears“ сведочеа нејзини поранешни соработници, но Бритни не се појави во документарецот. Многу луѓе коментираа дека документарецот е болен и тежок за гледање.

Целиот свет ја дозна приказната за Бритни, како и за судската битка што ја води со сопствениот татко кој воедно од 2008 година е и нејзин старател кој го контролира нејзиното богатство. Сето ова благодарение на неколку документарци, направени и објавени без дозвола или консултација со Бритни.

Спирс постојано комуницира со своите обожаватели преку социјалните мрежи каде објавува видеа  преку кои многуина веруваат дека таа се обидува да ја раскаже својата приказна.

Сега, пејачката сподели видео на кое танцува, а во описот на истото таа се огласи во врска со документарците нарекувајќи ги лицемерни. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

„Боже! 2021 година е дефинитивно подобра од 2020 година, но никогаш не помислував дека ќе биде ваква!!! Оваа година има толку многу документарни филмови за мене со туѓи погледи на мојот живот… Што можам да кажам… Јас сум длабоко поласкана!!! Овие документарци се толку лицемерни… ги критикуваат медиумите и потоа го прават истото??? Проклетство… Не ве познавам, но сакам да ви кажам дека иако имав доста тешки периоди во мојот живот… имав уште неверојатни моменти и за жал мои пријатели… Мислам дека светот е позаинтересиран за негативното!!!

Мислам… нели овој бизнис и општество се за иднината? Зошто да се потенцираат најнегативните и најтрауматизирачките времиња во мојот живот од минатото?“

epa-efe
EPA/JASON SZENES

Еве нешто посветло, ова е видео на кое танцувам! Имам толку многу патувања пред мене и со нетрпение го чекам ова лето и едвај чекам да танцувам во различни студија! Се надевам дека ќе добијам минијатурно езерце со јапонски крапови во мојот двор! Знам дека сум чудна, но еј… магијата е во малите нешта и јас сум многу благодарна за мојот прекрасен двор… Ја имам најдобрата градина во Лос Анџелес. Се надевам дека сите го живеете најдоброто од својот живот…

Последниот документарец во кој се обработува и раскажува животот на Бритни Спирс направен од „Би-Би-Си“, каде се појавува и познатиот шминкер Били Б. Тој вели дека се сомнева дека Бритни нема контрола ни над нејзиниот инстаграм-профил – нешто што нејзините бројни обожаватели се обидуваат да го разјаснат веќе подолго време. Во последната објава, Бритни се осврна и на тврдењето на Били Б:

„Всушност, воопшто не разговарам со Били Б, така што искрено сум многу збунета! Ова е мојот Инстаграм! Не сакам папараци… Не сакам вие и вашата екипа да ме следите наоколу!!!“, напиша таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот