Одбиено барањето на Бритни Спирс за слобода: Татко ѝ останува нејзин легален старател

2 БРИТНИ СПИРС И ЏЕЈМС СПИРС
Фото: Instagram

Судот во Лос Анџелес, Калифорнија го одби барањето на поп – пејачката Бритни Спирс, која се обиде да го отстрани нејзиниот татко од одговорноста и контролата над нејзиното мултимилионско богатство, објави „Variety“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Пејачката во 2008 година беше прогласена за делумно работно неспособна, поради проблемите со недозволени супстанции и со нарушено психичкото здравје. Повеќе од 13 години, финансиите на пејачката, вклучувајќи и мултимилионски фонд за доверба, беа контролирани од нејзиниот татко и адвокат назначен од судот. Таткото на пејачката, Џејмс Спирс носеше одлуки во врска со нејзината кариера, лекувањата, како и личниот живот. Некои извори и претходно тврдеа дека таа не го сака ова, но поради судската одлука за надзор, била принудена да се согласи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Адвокатот на Спирс поднесе низа тужби изминативе неколку месеци. Претходно, судот се согласи да вклучи приватна финансиска компанија меѓу одговорните за имотот на Бритни Спирс. Сепак, повторно, беше одбиено целосното отстранување на нејзиниот татко од контролата врз средствата.

Кон крајот на јуни, поп – пејачката, за време на говорот пред судот, побара да се отстрани надзорот над неа, кој трае околу 13 години.


„Барањето за престанок на старателството на Џејмс Спирс над неговата ќерка и целиот нејзин имот беше одбиено без претходно влијание“, се наведува во судските документи.


Адвокатот на Бритни, Самуел Ингам, поднесе барање за прекинување на старателството на Џејмс Спирс над неговата ќерка во ноември 2020 година, во кое се наведува дека неговата клиентка „се плаши од својот татко“ и дека таа ќе одбие да се појави во иднина доколку нејзиниот татко продолжи да биде одговорен за неа кариера.

Богатството на пејачката се проценува на околу 60 милиони долари. Бритни Спирс е добитник и на бројни музички награди, вклучувајќи и неколку „Греми“.

Се огласи сестрата на Бритни Спирс: Ја поддржував пред било кој од вас

Бритни им се обрати на своите обожаватели: Се извинувам што изминатите две години се преправав дека сум добро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот