Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Фотографијата што го обиколи светот: Афроамериканец спасува белец за време на насилните протести во Лондон (ФОТО)

Фотографијата од протестот во Лондон, на која Афроамериканец, еден од учесниците на демонстрациите „Црните животи се важни“, носи повреден белец го обиколи светот.

Афроамериканецот кој го носеше повредениот белец низ маса на бесни демонстранти за Си-Ен-Ен изјави дека тоа го направил за да се избегне катастрофа.

Патрик Хачинсон наведе дека тоа бил првиот протест на кој присуствувал, а дека му помогнал на белецот бидејќи не сакал главната причина за протестите да се изгуби во еден момент на насилство.

Хачинсон изјави дека го видел мажот како лежи на скалите во положба на фетус опкружен од демонстрантите и веднаш помислил дека мора да го однесе на сигурно.

Повеќе од 100 луѓе биле уапсени во саботата на протестите во Лондон. Протестите за барање на реформи во полицијата, откако полицијата во САД во различни инциденти уби двајца Афроамериканци, се проширија низ целиот свет.

Лондон, 13 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL
Лондон, 13 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL
Лондон, 13 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот