ФОТО | Зоолошка градина го претстави првото младенче на џиновска панда родено во Индонезија
Зоолошката градина „Таман Сафари“ во Индонезија официјално го претстави првото младенче на џиновска панда родено во оваа земја, објавија кинеските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Младенчето, кое го доби името Рио, претходно било прегледано од тимови ветеринарни експерти во соработка со стручњаци од Кинескиот центар за заштита и истражување на џиновските панди.
Рио е роден во ноември 2025 година со тежина од само 200 грама, а денес е здраво машко младенче тешко околу 11 килограми.
„Сега може самостојно да оди, активно комуницира со својата мајка Ху Чун и веќе почна да јаде млади изданоци од бамбус како дел од внимателно планираната исхрана под постојан надзор на стручни лица“, соопштија од зоолошката градина во регионот Богор, јужно од Џакарта.

За да се обезбеди неговата благосостојба, управата на зоолошката градина постепено го претставува Рио пред посетителите, во согласност со меѓународните стандарди за грижа за животните.
Од „Таман Сафари“ истакнуваат дека раѓањето на Рио има особено значење бидејќи станува збор за единственото младенче на џиновска панда родено надвор од Кина во последните три години.
„Неговото раѓање претставува важен придонес за меѓународната соработка во областа на заштитата на природата и дополнително ја зајакнува улогата на Индонезија во глобалната мрежа за заштита на џиновските панди“, наведуваат од зоолошката градина.


