Розово фиќо Змајчек – Фото: Фејсбук/Željko Vrhovski

ФОТО | „Змајчек“ се врати дома — пронајдено е розовото „Фиќо“ што беше украдено во Загреб

Розовото „Фиќо“, попознато меѓу загрепчани како „Змајчек“, едно од најпрепознатливите автомобили во Загреб, повторно е кај својот сопственик, пренесува хрватски „Индекс“. Веста што израдува многумина ја објави сопственикот Жељко Врховски на Фејсбук, каде кратко напиша:

„Змајчек се врати дома.“

Розово фиќо Змајчек – Фото: Фејсбук/Željko Vrhovski

Во краток разговор со медиумите, сопственикот низ шега рекол:

„Собирам доброволни прилози за поправка.“

Розово фиќо Змајчек – Фото: Фејсбук/Željko Vrhovski

Да потсетиме, необичниот „Фиат 500“ од 1964 година исчезна во четвртокот од нерегулиран паркинг на аголот меѓу улиците „Котурашка“ и „Уска“ во Загреб. Според сопственикот, кражбата се случила помеѓу 12 и 20 часот.

По пријавата во полиција, Врховски преку социјалните мрежи побара помош од граѓаните за пронаоѓање на автомобилот, кој со години беше вистинска атракција во градот.

„Змајчек“ е препознатлив по впечатливата розово-жолта боја и често привлекувал внимание и насмевки додека се движел низ улиците на Загреб.

Сопственикот претходно изјави дека добивал дојави од различни делови на градот и им се заблагодари на граѓаните за помошта и споделувањето на објавите.

Веста за исчезнувањето на розовото „Фиќо“ брзо се прошири на социјалните мрежи, а многумина изразија надеж дека автомобилот ќе биде пронајден — што на крајот и се случи, иако возилото претрпело оштетувања.

Розово фиќо Змајчек – Фото: Фејсбук/Željko Vrhovski
Розово фиќо Змајчек – Фото: Фејсбук/Željko Vrhovski
Розово фиќо Змајчек – Фото: Фејсбук/Željko Vrhovski
Розово фиќо Змајчек – Фото: Фејсбук/Željko Vrhovski
Розово фиќо Змајчек – Фото: Фејсбук/Željko Vrhovski
Розово фиќо Змајчек – Фото: Фејсбук/Željko Vrhovski

ФОТО | Украдено легендарното розово „Фиќо“, миленичето на Загреб — сопственикот апелира за помош да се пронајде „Змајчек“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот