Фото: Принтскрин/Твитер

ФОТО | Шокантни фотографии од Марија Захарова: Бизарна венчавка на руската портпаролка

Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи и лојална помошничка на Путин, во четвртокот го прослави 47-от роденден, а на социјалните мрежи повторно кружат фотографии од нејзината прилично чудна венчавка.

Венчавката се одржала во 2005 година, без гости.

Захарова пред неколку години на својот фејсбук-профил сподели фотографија од венчавката по повод годишнината. Но, тогаш таа објави само своја фотографија.


Неколку дена подоцна, фотографот Николај Комисаров, кој бил ангажиран од Захарова бидејќи бил вработен во рускиот конзулат во Њујорк, ги објавил преостанатите фотографии бидејќи сметал дека тоа му е дозволено. Меѓутоа, подоцна рече дека Захарова дури и му се заканувала поради објавените фотографии.


На фотографиите од венчавката може да се види дека невестата носела кратка бела венчаница, бели чорапи и долги ракавици. За младенците била ангажирана бела лимузина. Нејзин сопруг е бизнисменот Андреј Захаров.

Тие се венчаа на 7 ноември 2005 година во Њујорк, каде што тогаш беше вработена Захарова. Свадбата е фотографирана во рускиот конзулат, па во позадина на фотографиите се гледа портретот на рускиот претседател Путин.


Захарова тогаш рекла дека нејзиниот партнер не живее во САД, туку дошол во САД за венчавката. Таа открила и дека на венчавката имало „гости колку што треба – само двајца“. Денес брачната двојка Захаров ја имаат ќерката Маријана која е родена во 2010 година. Од 2015 година, Марија Владимировна Захарова е портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија.

Захарова: Идејата за испорака на нуклеарно оружје во Украина го загрозува народот на Полска

Захарова ги праша Зеленски и Бајден зошто не разговарале за преговори со Русија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот