Захарова ги праша Зеленски и Бајден зошто не разговарале за преговори со Русија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека разговорот меѓу американскиот и украинскиот претседател Џозеф Бајден и Володимир Зеленски во Вашингтон е доказ дека САД и Украина не бараат мир, туку натамошни непријателства.

– Дали сте слушнале дека зборуваат за преговори, за каква било комуникација со Русија? Секако дека не – изјави Захарова, а пренесе ТАС С.

Таа изјави дека Зеленски и неговите сојузници зборуваат за Русија само на еден начин.

– Зеленски грубо зборува за нашата земја, затоа што во принцип не може поинаку, а ни неговите господари не се осмелуваат да кажат поинаку – рече Захарова и додаде дека Зеленски нема што да каже, а единствено што може да направи е да биде груб.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера пристигна во Вашингтон за да разговара со неговиот американски колега Џозеф Бајден.

Зеленски зборуваше на заедничката седница на двата дома на американскиот Конгрес, на која им се заблагодари на американските претставници и народот за поддршката за неговата земја и рече дека Украина ќе победи, „бидејќи ние сме обединети. Украина, Америка и целиот слободен свет.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Соединетите Американски Држави ќе и помогнат на Украина со дополнителни 1,8 милијарди долари во кои ќе биде вклучен и ракетниот одбранбен систем „Патриот“ и посочи дека станува збор за одбранбена помош, а не за ескалација на конфликтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот