ФОТО | Заборавете на месо и алкохол, ќе доживеете 124 години колку баба Лола!

Баба Лола/колаж
Баба Лола/колаж

Жената за која се верува дека е најстарата личност на светот, родена во 19 век, почина на 124 годишна возраст. 

Франциска Сусано, или баба Лола, која е родена на Филипините, почина во понеделникот во својот дом, во градот Кабанкалан, во Негрос Оксидентал, пишува „Mirror“
Претставниците на локалната власт велат дека супербабичката е последната личност на светот која е родена во 19 ти век.

Г-ѓа Сусано, која беше позната како Лола Иска, е родена на 11 септември 1897 година, според официјалните документи. Таа е родена истата година кога за првпат е измислено топчето сладолед, и кога Маркони го испрати привиот сигнален радио пренос преку морето.

Баба Лола/најстар жител на светот
Баба Лола/ Printscreen/Youtube

Според градскиот службеник за јавни податоци, Џејк Карлин Гонзалес, причината за смртта на Лола допрва треба да се утврди. Тој изјави за Си- Ен-Ен дека жената ќе биде тестирана за Ковид, но според првичните информации, немала никакви симптоми на болеста.

Баба Лола/роденден
Баба Лола слави роденден/Facebook

Според извештаите до јавноста, се верува дека тајната за нејзиниот долг живот е режим на исхрана со многу зеленчук, риба и речиси воопшто месо! Лола исто така имала изјавено дека живот без алкохол и помогнал за долговечноста.

Градските власти во Кабанкалан објавија на својот официјален Фејсбук-профил:

„ Со голема тага во нашето срце ја примивме веста дека нашата сакана Лола Франциска Сусано почина“.
„Лола Иска се смета за најстарата личност во Негрос Оксидентал и на Филипините. Таа ќе остане засекогаш во нашите срца како голема инспирација и гордост“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот