ФОТО | Сите холивудски ѕвезди „полудеа“ по неа: Оваа фризура ќе биде хит есенва!
Светските ѕвезди како Хејли Бибер, Џиџи Хадид, Лили Колинс и Селена Гомез веќе покажаа зошто бохо бобот е најавуван како голем есенски хит.
Препорачано
Боб фризурите се сè уште во мода, а на крајот од летото, нов хит доаѓа до израз – бохо боб (паж). Станува збор за полежерна, разиграна варијанта на класичниот боб, совршена за секој што сака свеж изглед без многу напор.
View this post on Instagram
„Бохо боб е помека и послободна верзија на традиционалниот боб“, објаснува стилистката Мелиса Тимперли за „Гламур“ и додава:
View this post on Instagram
„Предноста на овој стил е што е доволно долг за да можете да го врзете во коњско опавче или мала пунџа, но и доволно краток за да изгледа модерно и освежително. Тој ги спојува структурата и леснотијата – идеален е за секој што сака фризура со малку одржување, но сепак која привлекува внимание.“
Трендот веќе го испробаа ѕвезди како Хејли Бибер, Џиџи Хадид, Лили Колинс и Селена Гомез, а добрата вест е дека може да се носи еднакво добро и во есенските месеци.
View this post on Instagram
Кому најмногу му стои?
За разлика од класичните, рамните боб фризури кои можат да ја нагласат квадратната или издолжената форма на лице, бохо боб фризурата лесно се прилагодува.
„Клучот е во должината. Онаму каде што завршува стрижењето, тоа е местото каде што оди погледот. Ако, на пример, не сакате да ја нагласите брадата, избегнувајте боб до брадата и изберете малку подолга варијанта за да го привлечете погледот надолу“, вели Мелиса.
Најмногу им стои, односно најмногу корист имаат луѓето со тркалезно или пополно лице, бидејќи слоевите додаваат движење и визуелно го издолжуваат лицето.
View this post on Instagram
Како се прави и обликува?
Фризерите советуваат, ако се одлучите за бохо боб фризура, да понесете референтни фотографии. Побарајте боб фризура што паѓа помеѓу брадата и рамената, со меки слоеви и лесно врамување на лицето. Кај густа коса, фризурата може дополнително да се обликува со внатрешни слоеви за да се избегне прекумерна волуменозност.
Кога станува збор за стилизирање, помалку е повеќе – бохо боб фризурата изгледа најдобро кога е малку разбушавена, со природни бранови и текстура. Доволно е лесно да поминете со пеглата или да ги оставите врвовите природно да „излетат“ нанадвор.
View this post on Instagram


