ФОТО: Вучиќ и Лавров од Белград: Воената неутралност на Србија и непридржувањето на санкциите кон Русија се потврда за стратешко партнерство

epa08885723 A handout photo made available by press service of the Russian Foreign Affairs Ministry shows Russian Foreign Minister Sergei Lavrov (L) and Serbian President Aleksandar Vucic (R) shaking hands during their meeting in Belgrade, Serbia, 15 December 2020. Russian Foreign Minister pays a working visit to Serbia. EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY / HANDOUT MANDATORY CREDIT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Билатералните односи, енергетско-гасната и воено-техничката соработка, заедничките инфраструктирни проекти беа во фокусот на денешните разговори во Белград меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.

Лавров на прес конференцијата изјави дека на разговорите е потврден договорот за Стратешко партнерство, притоа ја поздрави избалансираната политика и воената неутралност на Србија, како и непридржувањето на санкциите кон Русија.

– Резолуцијата на СБ на ОН за Косово треба да биде основ за сите можни договори со Приштина, а ЕУ како посредник треба да има практични резултати, да не е пристрасна и да го совлада саботирањето на Приштина, меѓу кои е формирањето на Задницата на српски општини (ЗСО), а Русија ќе го подржи она решение за Косово, кое ќе и одговара на Србија, изјави рускиот шеф на дипломатијата.

Тој високо ја оцени соработката меѓу СПЦ и РПЦ, бидејќи во „темелот на ова соработка е одбраната на православните вредности“.

Шефот на руската дипломатија го прочита и писмото од рускиот претседател Владимир Путин во кое тој го честиташе завршувањето на работите во Храмот Свети Сава.

– Самото подигнување на оваа величествена црква инспирираше и обедини неколку генерации Срби кои сакаа да го овековечат споменот на Свети Сава, основачот на Српската православна црква, првиот архиепископ, патриот и просветител. Мозаикот што го краси Храмот е создаден од српски и руски мајстори и оваа соработка е многу важна и симболична, особено во контекст на братско пријателство и духовна блискост што ги обединиле двата народа уште од античко време – вели тој во писмото прочитано од рускиот министер за надворешни работи.

Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Путин во писмото уште еднаш изрази сочувство и за смртта на српскиот патријарх Иринеј, кој беше закопан во криптата во Храмот.

Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Српскиот претседател ја потврди стратешката определба на Србија за развој на соработката со Русија на сите можни полиња, како и за јакнење на воено-техничката соработка.

– Разговаравме и за состојбата во регионот, многу можев да научам од Лавров, но ги изнесов и нашите ставови околу состојбата во регионот и ја изнесов својата лична загриженост за состојбата и се надевам дека сите заедно ќе имаме разум и сила, сите проблеми и недоразбирања да ги решаваме по мирен пат, преку дијалог-што е трајна определна на Србија, кажа Вучиќ.

На новинарско прашање за диверзификација на гасот на Србија, Вучиќ најави дека српскиот дел од гасоводот „Турски тек“ ќе биде отворен до 30 декември, додавајќи дека „го изградивме нашиот гасовод, кој дефинитивно ни е потребен и тој ќе биде поврзан со Бугарија, бидејќи досега уште немам видено поевтин гас од рускиот“.

– Да се откажам од набавка на руски гас, јас не сум будала ниту ќе дозволам такво понижување на мојата земја. Ќе го отвориме нашиот гасовод до крајот на годината. Што му е гајле не некој каде ние ќе го градиме гасоводот. Нема белким некој да ни забранува на наша земја да ставаме цевки. Ќе купиме најевтин и најдобар гас. Нема да плаќаме рекет на никого во светот и да плаќаме двојно повеќе затоа што тоа на некој му се допаѓа, кажа Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот