ФОТО | Воз и камион се судрија во Полскa – камионџијата загина, неколку патници се повредени
Возач на камион загина, а неколку патници се повредени откако патнички воз излета од шините по сударот со камион во Западна Полска, соопштија полските служби за итни случаи, пренесува ТВП.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Несреќата се случила вчера попладне во близина на градот Рогозно, во западниот регион Великополска, на железничката линија што го поврзува градот со регионалниот центар Познањ.

Портпаролот на полицијата, Кристов Ползин, ја опиша како „сериозна несреќа“ на железнички премин без рампи во блиското село Гарбатка.
„Возот кој сообраќал од Рогозно кон Познањ се судрил со камион на преминот. Возачот е загинат“, изјави Ползин за јавниот сервис ТВП.

На местото на несреќата биле испратени шест екипи на брза помош, 14 противпожарни единици и хеликоптер за итна медицинска помош.
„Неколку патници се здобија со полесни повреди. Едно лице беше пренесено во болница, додека останатите повредени патници најверојатно нема да имаат потреба од хоспитализација“, рекоа од полската противпожарна единица.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
29мин
-
30мин
-
32мин
-
34мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


