ФОТО | Во топ форма до лето: Еве како Наташа Беквалац вежба со ќерките
Пејачката Наташа Беквалац напорно се подготвува за летото, а тоа постојано го споделува и со следбениците на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Препорачано
Наташа Беквалац веќе втор ден го поминува во теретана со ќерката Хана и четиригодишната Катја, која на интересен начин се труди да вежба со нејзината мајка и сестра.

Малечката слатка Катја најпрвин трчаше на лентата за трчање, додека тренерот ја чуваше, а потоа сите заедно пробаа кикбокс.

„Се обидовме вака… а потоа сфативме… дека најдобро ни оди кога тренираме заедно“, порача пејачката, а нејзината помалечка наследничка постојано беше насмеана и се трудеше да ги повтори сите потези што ги правеа нејзината мајка и сестра.

„Значи до лето, ракета, Беквалац не се шегуваат“, изјави Наташа и додаде мотивациски цитат кој го прочитала во теретаната во која вежбаат.

„Човекот е роден да работи, трпи и да се бори. Кој не го прави тоа, едноставно пропаѓа“.


