Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО| Во пештера во Шпанија пронајдени најстарите чевли во Европа

Научниците велат дека ги идентификувале најстарите чевли во Европа, сандали исткаени од трева за кои се смета дека се стари околу 6.000 години. Тие биле меѓу мноштвото антички предмети откриени во една пештера во Шпанија, кои биле украдени од рудари во 19 век, но се анализирани во новата студија.

Ниската влажност и студените ветрови во пештерата ги направиле невообичаено добро сочувани. Истражувачите, исто така, анализирале корпи и комплети алатки.

Коавторката на студијата Марија Хереро Отал изјавила дека предметите се „најстариот и најдобро зачуваниот збир на материјали од растителни влакна во јужна Европа досега познат“.

 


„Документираната технолошка разновидност и третман на суровините ја истакнуваат вештината на праисториските заедници“, додала таа.

 

 

Новите техники за датирање покажале дека колекцијата од 76 предмети пронајдени во пештерата е околу 2.000 години постара отколку што се мислеше, пишува „Би-би-си“.

Некои предмети во комплетот датираат од пред 9.000 години. Анализираните сандали користеле различни видови трева, но и други материјали во својата структура, истакнуваат истражувачите. Тие датираат од неолитскиот период, што ги прави постари од кожните чевли стари 5.500 години, откриени во една пештера во Ерменија во 2008 година.

Пештерата во која се пронајдени сандалите стари 6.000 години се вика „Cueva de los Murciélagos“ или „Пештера на лилјаците“, а се наоѓа во Андалузија, на југозапад од Шпанија. Според истражувачите на оваа студија, до пештерата првпат пристапил во 1831 година земјопоседник кој собирал измет од лилјаци, корисни за правење ѓубриво.

Помалку од две децении подоцна, го користеле рударите кои откриле галерија во која се наоѓале делумно мумифицирани трупови, корпи, дрвено оружје, а меѓу другото, и заби од диви свињи и уникатна златна дијадема.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот