ФОТО | Внукот на Мајкл Џексон ќе го глуми „кралот на поп-музиката“ во биографски филм

Мајкл Џексон на концерт во Лондон, Велика Британија/ 30 јули 1992 / Фото: EPA/THIERRY SALIOU/GERRY PENNY

Неверојатната животна приказна на „кралот на поп-музиката“, Мајкл Џексон наскоро ќе биде екранизирана на големото платно, а главната улога му припадна на неговиот 26-годишен внук, Џафар Џексон.

Биографскиот филм „Michael“ ќе биде снимен во режија на американскиот режисер Антоан Фукуа.

„Со гордост го најавувам Џафар Џексон во улогата на Мајкл, во филмот кој ќе го следи животниот пат на човекот кој стана кралот на поп-музиката“, напиша режисерот на неговиот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antoine Fuqua (@antoinefuqua)

Имено, Џафар е син на Џермејн Џексон, еден од постарите браќа на Мајкл Џексон.

И 26-годишниот актер ја потврди информацијата дека ќе глуми во биографскиот филм за неговиот чичко.

„Чест ми е што ќе ја пренесам приказната на мојот чичко. До сите фанови ширум светот – се гледаме наскоро“, напиша тој на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaafar Jackson (@jaafarjackson)

Според Гинисовата книга на рекорди, Џексон е признат како најуспешен забавувач на сите времиња. Неговиот придонес кон музиката, танцот и модата, заедно со приватниот живот пропратен од силен публицитет, го направија глобална фигура во популарната култура повеќе од четири децении.

Неговиот личен живот, вклучувајќи ја и неговата промена на изгледот, личните врски и однесување, создадоа голем број контроверзии. Во 1993 година тој беше обвинет за сексуална злоупотреба на дете, но случајот бил решен надвор од судот и не била поднесена формална пријава. Во 2005 година, тој беше суден и ослободен од понатамошни обвинувања за сексуална злоупотреба и неколку други обвиненија откако поротата пресудила дека не е виновен за сите точки од обвинението.

Додека се подготвувал за неговите концерти, Џексон починал на 25 јуни 2009 година, од срцев удар. Пред неговата смрт, Џексон наводно консумирал дроги, како пропофол и лоразепам.

Повеќе на темата:

Најпродаван албум на сите времиња: 40 години од „Трилер“, ремек-делото на Мајкл Џексон

Мајкл Џексон скапо ја плати цената на славата, осамен на врвот, им веруваше на бескрупулозните советници и лекари кои го одведоа во смрт

Како се запознале принцезата Дајана и Мајкл Џексон: Не сакал да ја пее „Dirty Diana“ од почит кон Лејди Ди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот