Како се запознале принцезата Дајана и Мајкл Џексон: Не сакал да ја пее „Dirty Diana“ од почит кон Лејди Ди

Profimedia

На албумот „Bad“ на Мајкл Џексон се нашла и нумерата „Dirty Diana“ од 1988 година, за која Џексон го ангажирал гитаристот на Били Ајдол, познатиот Стив Стивенс.

Многумина мислеле дека песната ѝ е посветена на пејачката Дајана Рос, некои дека ѝ е посветена на принцезата Дајана, ама тоа не било точно.

Како што пишуваат странските медиуми, принцезата Дајана била голема обожавателка на Мајкл Џексон. Таа и принцот Чарлс присуствувале на концертот на Џексон во Лондон во 1988 година, на стадионот „Вембли“.

Profimedia

Кралскиот пар пред почетокот на настапот изразил желба да го запознае Мајкл Џексон, а нивната средба се случила зад сцената.

Џексон одлучил песната „Dirty Diana“ да ја извади од репертоарот од почит кон принцезата Дајана.

Меѓутоа, го дочекало изненадување.

Profimedia

Кога се сретнале, Дајана го прашала дали ќе ја изведе песната.

„Не, не. Ја исфрлив песната од почит кон Вас, ѝ рекол Џексон на Лејди Ди.

„Тоа ми е омилена песна“, му одговорила принцезата.

Сепак, Џексон не можел да ја врати песната во репертоарот, бидејќи било предоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот