ФОТО + ВИДЕО | Невиден спектакл: Хајди Клум е кралица на Ноќта на вештерките, оваа година се претвори во паун

Фото: Инстаграм//Said Elatab / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Манекенката Хајди Клум повторно изненади со својот костим на забавата за Ноќта на вештерките. Хајди ја организираше 22-та по ред забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, а таа се појави во костим на паун.

Оваа година собирот беше помасовен од претходните години бидејќи Хајди му кажа на Џими Фалон дека морала да „затвори неколку улици на Менхетен“ поради нејзината џиновска облека.

Фото: BlayzenPhotos / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Со неа како дел од костимот се појавија акробати на Cirque de Soleil, а нејзиниот сопруг Том Каулиц беше облечен како јајце.

Фото: Said Elatab / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Хајди на социјалните мрежи сподели и фотографии од нејзиниот костим. „Таа е кралица на Ноќта на вештерките со причина“, „Секогаш наоѓа начин да ги надмине претходните костими“, „Ова е навистина креативно“, коментираа нејзините обожаватели.

@heidiklum Ruffling a few feathers 🦚 #HeidiHalloween2023 @cirquedusoleil @Prime Video ♬ original sound – Prime Video

Неколку дена пред самата забава, Хајди позираше целосно гола и со рака ги покри градите. „Затишје пред бура. Само три дена до Ноќта на вештерките на Хајди. Моето мото за Ноќта на вештерките оваа година е „направи нешто големо или оди си дома““, напишала таа фотографијата.

Фото: Инстаграм/Хајди Клум

Манекенката се појави на нејзината забава по повод Ноќта на вештерките во Њујорк минатата година во костим на огромен црв кој ѝ го прекри целото тело, а ѝ се гледаа само очите и устата.

ФОТО | Хајди Клум легната гола на кауч ја најави Ноќта на вештерките: „Затишје пред бура“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот