ФОТО | Хајди Клум легната гола на кауч ја најави Ноќта на вештерките: „Затишје пред бура“
Хајди Клум, кралицата на Ноќта на вештерките, како што ја нарекуваат нејзините обожаватели, се чини дека и оваа година нема да разочара. Манекенката е позната по своите оригинални забави, но пред сè по своите костими за Ноќта на вештерките.
Препорачано
Оваа година своите обожаватели ги почести со специјална најава на празникот. Имено, Хајди објави фотографија на својот инстаграм-профил каде лежи целосно гола на розов кауч, а само градите ги покрила со рацете.

„Затишје пред бура. Само три дена до Ноќта на вештерките на Хајди. Моето мото за оваа година е – сè или ништо“, напиша таа под фотографијата.
Педесетгодишната убавица навести дека подготвува нешто големо за време на гостувањето во „Тунајт шоу“ („The Tonight Show“) на Џими Фалон.
„Тоа ќе биде нешто големо и ќе морам да затворам неколку улици овде на Менхетен, што, ќе биде навистина тешко да се направи“, изјави манекенката.
Да потсетиме, минатата година Хајди ги шокираше фановите кога се појави во огромен костим на дождовен црв. Таа ги организира своите забави за Ноќта на вештерките уште од 2000 година, а нејзините костими се секогаш многу оригинални.


