ФОТО + ВИДЕО | Невиден луксуз: Сите вили и куќи на Новак Ѓоковиќ

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Carlo Dipasquale

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ дел од парите од својата плодна кариера ги вложи во недвижнини, па ги има многу ширум светот.

Семејството Ѓоковиќ поседува вили ширум светот, а секоја од нив чини цело богатство.

По поразот со српската репрезентација на турнирот во Шпанија, Новак Ѓоковиќ моментално се одмара со семејството во својата вила во Марбеља која чини 10 милиони евра и е нивна сопственост од 2020 година, пишува „Б92“.

Њујорк

Новак поседува два пентхауса во „Големото јаболко“, за кои платил 10 милиони долари. Тие се наоѓаат во населбата Сохо, а архитектот Ренцо Пијано ги дизајнирал така што зрачат со луксуз.

Мајами

Њујорк не е единственото место каде што Ѓоковиќ поседува недвижен имот, со оглед на тоа што светскиот рекет број еден си создаде оаза и во Мајами. Куќата е со големина од 35 хектари и има поглед на океанот. Бидејќи никогаш не сакале да живеат таму, го купиле имотот за 5 и го продале за 7,15 милиони.

Космај

Купиле куќа и на Космај која чини 2,9 милиони, но веднаш решиле да ја реновираат. Парцелата на која ја купиле куќата се простира на неколку хектари.

Херцег Нови

Новак Ѓоковиќ купи луксузен имот и во новоотворената населба Порто Нови за 10 милиони евра. Сигурно сте обрнале внимание каде семејството Ѓоковиќ ги поминува летните паузи меѓу турнирите, а најчесто тоа е токму во црногорската луксузна населба. Не е непознато дека Новак и Јелена за сите семејни веселби ја избираат Црна Гора, па често летуваат во овој комплекс.

Монако

Може да се каже дека Новак најмногу инвестирал во недвижнини во Монако. Тој има имот во Монте Карло, кој е свртен кон Средоземното Море. Не е познато колку точно пари вложил во него.

Белград

Тенисерот број еден во главниот град на Србија поседува пентхаус во луксузната населба Вест 65, кој го платил 545.000 евра. Една од работите што ја имаат во него е тераса од 100 метри квадратни со базен.

Павловачко езеро

Семејството Ѓоковиќ има и вила покрај Павловачкото езеро, во близина на Рума. Величествениот објект има 1.200 квадратни метри, а самиот имот е со големина од неколку хектари.
Од веста дека најдобриот тенисер на светот ја избрал оваа дестинација за инвестирање, цените на земјиштето пораснаа на овие простори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот