ФОТО + ВИДЕО | Мерјем Узерли ужива во Дубровник: Се забавуваше на роденденска забава на познат бизнисмен

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ meryemuzerlimeryem

Познатата турска актерка Мерјем Узерли која се прослави со улогата на Хурем во серијата „Сулејман величествениот“ пристигна во Дубровник.

Таа на Инстаграм објави неколку фотографии и видеа од градот и се пофали дека гостувала на роденденската прослава на бизнисменот Мехмет Корутурк, кој е нејзин близок пријател.

Таа објави и неколку сториња, на кои се гледа дека екипата одлично се забавувала на вечерната прослава, а дружењето продолжило и следниот ден.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ meryemuzerlimeryem
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ meryemuzerlimeryem

Убавата актерка е популарна и на Инстаграм, каде ја следат седум милиони луѓе.

Инаку, Мерјем Узерли е турска актерка со германско потекло. Мерием пораснала во Германија и зборувала малку турски, поради што го учела јазикот паралелно со снимањето на серијата „Сулејман Величествениот“. Сите нејзини претходни улоги ги играла на германски јазик. Во 2013 година го напушти снимањето на серијата, а од 103-та епизода улогата на султана Хурем, за која Мерием освои многу награди, и припадна на актерката Вахиде Гордум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот