ФОТО + ВИДЕО | Мартин Скорсезе се сретна со папата Франциск и му подари книга

Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL

Папата Франциск вчера го прими американскиот режисер и оскаровец Мартин Скорсезе како дел од приватна аудиенција во Ватикан. За време на кратката средба, Скорсезе на поглаварот на Католичката црква му подари книга со фотографии за неговиот филм номиниран за Оскар „Убијци на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) и држеа филмска клапа пред камерите, пренесува „Дедлајн“.

Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL

На снимката од средбата се гледа како папата Франциск ја прелистува раскошната книга со фотографии додека Скорсезе зборува од другата страна на големото биро.

Потоа Скорсезе присуствуваше на неделната генерална аудиенција на папата со неговата ќерка Франческа и во друштво на американската актерка Лили Гладстон (37), која ја има една од главните улоги во најновиот филм на Скорсезе и беше номинирана за Оскар во категоријата најдобра актерка.

Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL

Ова не е прва средба на Скорсезе со папата. На крајот на мај 2023 година, тој ги прими познатиот режисер и неговата сопруга Хелен по Канскиот филмски фестивал каде што беше прикажан неговиот филм „Убијци на цветната месечина“.

„Ватикан њуз“ (Vatican News), официјалниот информативен сервис на Ватикан, подоцна објави слики од состанокот на својот Икс (поранешен Твитер) профил.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот