ФОТО+ВИДЕО: Амди Бајрам погребан во присуство на околу 300 лица

На погребот на поранешниот пратеник Амди Бајрам на муслиманските гробишта во Скопје денеска присуствуваа околу 300 лица, сведочи Слободен печат преку овие фотографии и видеа.

Градски гробишта Бутел / 25 октовмри 2020 / Фото: Слободен печат

Погребот на Амди Бајрам се одржа и покрај сите апели да се избегнат големи собири со оглед на тоа што покојниот пратеник беше тестиран позитивен на коронавирус, а и семејството доби препораки да се тестира како и сите оние кои биле во контакт со него во последните денови од животот.

Градски гробишта Бутел / 25 октовмри 2020 / Фото: Слободен печат

На погребот можеа да се забележат автомобили со регистарски таблички од цела Македонија со оглед на тоа што Амди Бајрам беше ценет и почитуван од сите ромски заедници во државата и пошироко.

Градски гробишта Бутел / 25 октовмри 2020 / Фото: Слободен печат

Поради дождот присутните мораа да ги збијат редовите, но можеше да се забележи дека една од препораките, носењето маски беше испочитувана од страна на присутните.

На погребот можеа да се забележат автомобили со регистарски таблички од цела Македонија со оглед на тоа што Амди Бајрам беше ценет и почитуван од сите ромски заедници во државата и пошироко.

По положувањето на телото на покојникот сите присутни се оддалечија од гробиштата, како што е ред при погреб на муслиманските верници.

Сепак, Амди Бајрам нема да биде погребан во Алеата на Великаните

Д-р Александар Стојанов: Сите што биле во контакт со Амди Бајрам на свадбата да бидат во изолација!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот