6 C
Скопје

Сепак, Амди Бајрам нема да биде погребан во Алејата на Великаните

Иако утринава официјално беше најавено дека лидерот на Сојузот на ромите од Македонија, Амди Бајрам ќе биде погребан во Алеата на Великаните, дежурните од А.Д. Бутел за Слободен Печат потврдија дека погребот денес сепак ќе се одржи на муслиманска парцела.

Поранешниот пратеник и политичар, кој во јавноста беше познат и како „Кока Кола“ како што тој самиот се нарече, почина вчера.

Министерството за здравство вчера соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19.

Сепак, неговиот син Габриел Бајрам смета дека причината за смртта на неговиот татко се случила подари другите здравствени проблеми од кои боледуваше. Габриел во изјава за Фокус рече дека на неговото семејство им било кажано дека Амбди Бајрам имал мозочен удар и не им било кажано дека бил заразен.

Прочитајте и...  Сојузот на дијабетичари бара на позитивната листа да се додаде нова иновативна таблетарна терапија

„Татко ми беше дијабетичар цели 20 години. Исто така одеше на дијализа, имаше повеќе здравствени проблеми. Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен коронавирус тест, а резултатот беше негативен.“ изјави Габриел Бајрам за Фокус.

Во меѓувреме тој им порача да носат маски и да држат дистанца на сите што ќе изразат желба да присуствуваат на поворката.

„Поворката до вечното почивалиште на мојот татко Амди Бајрам ќе тргне во 14.00 часот од нашата семејна куќа во Бутел.

Согласно препораките Ве молам сите кои ќе бидат дел од поворката да држат соодветна социјална дистанца и задолжително да носат маски.

Со почитувањето на овие препораки ќе покажеме почит кон нашиот великан и татко, и нема да оставиме можност овој тажен ден за семејството и ромската нација да биде оцрнет.“ напиша Габриел на Фејсбук.

Д-р Александар Стојанов: Сите што биле во контакт со Амди Бајрам на свадбата да бидат во изолација!

Поврзани вести

Временска прогноза: Сончево со слаб ветер, по котлините магла

Слободен печат

Додик до Инцко: Ајде мајсторе да видам како ќе ме смениш

Слободен печат

Кипар воведува највисока цена за тестовите за Ковид-19

Слободен печат

Бугарските историчари во Комисијата инсистираат да не се споменува ништо „македонско“

Слободен печат

Тие нам вето, ние ним добра волја

Соња Христовска Угриновска

Русино прво ќе го направиме санитарна депонија, па потоа ќе го затвориме

Југослава Дуковска

Остави Коментар