ФОТО | Весна Змијанац првпат во јавност по операцијата на срцето: Како изгледа пејачката по тримесечното опоравување

Фото: Инстаграм/Весна Змијанац

Српската пејачката Весна Змијанац во март беше подложена на операција на срцето, при што и беше вграден бајпас.

Пејачката досега закрепнала, а сега полека се враќа на професионалните ангажмани.

Имено, Весна викендов ќе настапи во Бугарија.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фризерот Борис Обрешски ја подготвил за настапот и објавил заедничка фотографија со неа, а многумина коментирале дека пејачката изгледа одлично по операцијата, а евидентно е дека успешно закрепнува.

Да потсетиме, пејачката пред неколку месеци сфатила дека здравствената состојба и е алармантна и дека повеќе не смее да си игра со своето здравје, па решила да ги послуша лекарите кои и соопштиле дека треба да оди на операција.

„Весна во последно време не се чувствува добро. Имаше чести аритмии, а и притисокот ѝ беше висок, одеше и до 250. Затоа и закажа преглед, при што лекарите утврдиле дека мора што побрзо да ѝ се вгради бајпас“, рекол извор близок до Весна и додал дека пејачката не се плашела од интервенцијата на срцето, пишува српски „Блиц“.


Таа не сака да зборува за нејзината здравствена состојба, а како што пренесуваат српските медиуми, по настапот планира да замине во Атина, каде веќе се наоѓа нејзината ќерка Николија со семејството.

Бев осамена и немав време за мажи! Весна Змијанац прозборе и за голите фотографии од младоста (ФОТО)

ВИДЕО | „Што ви е?! Ќе биде сѐ во ред“: Весна Змијанац излезе од болница со три бајпаса

Весна Змијанац направи операција на срцето: На пејачката ѝ е поставен бајпас

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот