Весна Змијанац направи операција на срцето: На пејачката ѝ е поставен бајпас

Фото: Инстаграм

Фолк пејачката Весна Змијанац била оперирана во Клиничкиот центар на Србија и се поминало во најдобар ред. Весна сега закрепнува, а за неколку дена, доколку состојбата остане добра, ќе ја напушти болницата.


Пејачката сфатила дека состојбата е алармантна и дека повеќе не смее да си игра со своето здравје, па решила да ги послуша лекарите кои ја подложиле на бајпас.

„Весна во последно време не се чувствува добро. Имаше чести аритмии, а и притисокот ѝ беше висок, одеше и до 250. Затоа и закажа преглед, при што лекарите утврдиле дека мора што побрзо да ѝ се вгради бајпас – ја започнува приказната извор близок до Весна и додава дека пејачката не се плаши од интервенцијата на срцето“, пишува српски „Блиц“.

Весна очекува да закрепне, па ќе мора да го послуша советот на лекарот.

„Ќе мора да оди на редовни контроли и да ја зема пропишаната терапија. Николија толку се загрижила што веќе ангажирала дополнителен медицински персонал да ја надгледува одвреме-навреме. Беше многу исплашена, за разлика од Весна која со насмевка прифаќа се. Весна е голем борец. Таа поминала низ многу работи во животот, па за неа ова е како што вели „мачкина кашлица“ – додава изворот.

Ќерката Николија и зетот Реља Поповиќ се постојано со неа во овие моменти и не се одвојуваат од неа.

На Весна Змијанац не ѝ е добро, оди на итна операција на срцето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот