ФОТО: Велкоски и Велева второпласирани на Балканското првенство во стандарден шах

Македонските шаховски надежи по медали на Балканијадата во Цетиње, Црна Гора/фото: Шаховска федерација на Македонија

Во Цетиње, Црна Гора, во средата заврши првиот дел од Балканското првенство за деца и младинци (до 8, 10, 12, 14, 16 и 18 години), односно турнирот во стандарден шах.

Од 11 претставници од Македонија најдобар резултат имаа Стојан Велкоски кој освои второто место и сребрен медал во категоријата до 18 години.

Илијана Велева исто така дојде до втората позиција и сребрен медал во категоријата девојчиња до 10 години.

Според најавите, денеска, утре и во сабота се одржуваат турнирите во рапид и блиц темпо. Од Шаховската федерација на Македонија се надеваат дека надежите ќе не израдуваат уште со по некој медал.

На првенството се пријавени вкупно 106 учесници од 11 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Молдавија, Македонија, Црна Гора, Романија, Словенија и Србија. Резултатите можете да ги следите на линкот ТУКА

фото: Шаховска федерација на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот