Споменик на Децата бегалци - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Споменик на Децата бегалци - Фото Слободен печат / Методи Здравев

ФОТО | Вандализиран споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“

Во СВР Скопје било пријавено дека од паркот „Жена борец“ во Скопје од Споменик на култура на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со употреба на физичка сила бил одземен споменикот на децата бегалци.

Настанот се случил на 9 април, а МВР соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.

Споменик на Децата бегалци - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Споменик на Децата бегалци – Фото Слободен печат / Методи Здравев

– Ова е жален и вандалски чин врз споменикот на децата бегалци кој е поставен тука уште во 1988 година. Овој споменик е симбол на една голгота, на откорнати деца од родните огништа. Апелираме во МВР до и до министерот Панче Тошковски да ги преземат сите потребни мерки и да се најде сторителот – изјави Евгенија Николовска, претседателка на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија- Скопје.

Споменикот е посветен на егзодусот на над 20 илјади деца–жртви од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот