ФОТО | Вака денес изгледа Јагодинка Симоновиќ од „Лажливо лето ’68“ по која сите воздивнуваа
Актерката Драгана Варагиќ публиката ја памети по култната улога на Јагодинка Симоновиќ во филмот „Лажливо лето ’68“, кој се снимаше пред четири децении. Во меѓувреме, Драгана сними уште неколку филмови, а потоа се пресели во Канада, каде поголемиот дел од времето го поминуваше на штиците што живот значат, сепак оваа улога и донесе голема популрност.
Во својата долгогодишна кариера имала можност да снима филмови, да глуми во претстави, да режира, а работела и со студенти.
Препорачано
По сериите „Миленик“ и „Време на злото“, Драгана можеме да ја видиме и во новата популарната српска серија „Сабја“ каде ја игра улогата на Бранка Милетиќ, која тогаш прислушувала за Државната безбедност.
Драгана своевремено призна дека не жали за одлуката да се врати во татковината.
„Мислев дека ќе имам повеќе време за себе отколку во Канада, но не е така. Јас и сум и не сум поранешната Драгана. Не само поради годините, туку и поради различните искуства што ги стекнав во меѓувреме. Не зажалив што се вратив. Во текот на овие години, повремено одев во Канада на работа. Најмногу на факултет, како професор. Како да споив два мои различни животи и живеам нов, трет“, изјави таа во гостувањето на РТС.


